fbpx

Реализирана обуката „Социјален клуч за старт ап“

 Реализирана обуката „Социјален клуч за старт ап“

Во периодот од први до четврти март 2021 година во просториите на Дом на АРМ Струмица се реализираше обуката “Социјален клуч за старт ап”.

На обуката присуствуваа 16 млади ентузијасти, идни млади социјални претприемачи кои се запознаа со концептот на социјалното претприемништво, еко-системот на социјално претприемништво, дизајнирано мислење како методлогија за кристализирање на бизнис идеите.

Младите развија три социјални бизнис идеи преку решавање на постоечките проблемите и тоа ресурсен центар за поддршка на деца со интелекална попреченост, зачувување на животната средина и правилно собирање и рециклирање на отпадот како и едукативен младински центар.

Во периодот кој што следи од страна на експертите младинците ќе добијат целосна техничка поддршка до финализирање на социјалните бизнис планови.

-Како организација се надеваме дека овие социјални идеи ќе имаат свој успех и реализација, вели експертот во областа, Сашко Јованов.

Проектот се реализира од здружение за одржлив развој „Еврохаб агенда“- Струмица и е финансиски подржан од Г1 програмата од буџетот на општина Струмица.

Share via
Copy link