„Комуналец“ ја исчисти дивата депонија на влезот во градот од Валандово
Загина работник во компанија во Николиќ
Вчера во 13:45 часот во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека во кругот на правен субјект во село Николиќ, Д.Ј.(29) од Гевгелија, управувајки работна машина удрил во С.С.(47) од село Фурка, вработен во истиот правен субјект, соопштија денес од МВР.
С.С. починал на местото на настанот, а смрт констатирала медицинска екипа.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител, инспектор од Државен инспекторат за труд и екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.