„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Промовирана втората книга „Цареви Кули- Струмица“ (од Римското Царство до доцен среден век)
Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на промоцијата на втората книга од Монографијата „Цареви Кули- Струмица“ (од Римското Царство до доцен среден век) од археологот и долгогодишен истражувач на локалитетот „Цареви Кули“, Зоран Рујак, која се одржа во Амфитеатарот, во Градскиот парк.
Оваа книга, во издание на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица, излезе од печат две години по првата книга од Монографијата на Зоран Рујак „Цареви Кули – Струмица“ (од праисторијата до Римското Царство).
Промотор на монографијата беше д-р Митко Панов од Институтот за национална историја.