fbpx

Пронајден починат маж во Валандово во зграда во изградба

 Пронајден починат маж во Валандово во зграда во изградба

Вчера во 19.25 часот во ОВР Валандово било пријавено дека во подрумски простории во зграда во изградба на ул.„Маршал Тито“ во Валандово бил пронајден починат Д.М.(37) од Валандово, соопштија денеска од СВР Струмица.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Share via
Copy link