fbpx

Мотоциклист од Зубово потешко повреден откако излетал од патот

Синоќа околу 23:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат од село Зубово кон село Ново Село, струмичко, А.П.(21) од село Зубово, управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Share via
Copy link