fbpx

Пронајдени 5.624 парчиња пиротехнички средства при претреси во Радовиш и Струмица

 Пронајдени 5.624 парчиња пиротехнички средства при претреси во Радовиш и Струмица

Вчера во 14:15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.Ш. (31) од  Радовиш. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 4786 парчиња разновидни пиротехнички средства, соопштија денеска од СВР Струмица.

Истиот ден, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода З.М.(41) и Е.Х. (34), двајцата од  Струмица. При претрес во дом и други простории, сопственост на З.М., биле пронајдени 707 парчиња пиротехнички средства, а кај Е.Х. биле пронајдени 131 парче различни иротехнички средства.

Сите лица се задржани во полициска станица, за настаните е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање против нив ќе бидат поднесени соодветни пријава.

Share via
Copy link