fbpx

Пронајдени 9 мигранти од Куба и Индија кај Смоквица

 Пронајдени 9 мигранти од Куба и Индија кај Смоквица

Вчера во 21:30 часот кај наплатна рампа Смоквица полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и Граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Ф.Д.(19), кој управувал патничко возило „опел вектра“, со штипски регистарски ознаки и 16-годишен совозач, двајцата државјани на Р.Србија, бидејќи при контрола во возилото биле пронајдени 9 лица мигранти. Од нив, шест биле кубански, а три индиски државјани.

Поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик, во координација со ОЈО за ГОКК возачот и совозачот биле приведени во полициска станица и ќе се соочат со законски превидените поднесоци, а лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.

Фото: архива

Share via
Copy link