Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Пронајдени мигранти од Сирија кај преминот Богородица

Утрово во 05:00 часот полициски службеници од Полициската станица Гевгелија во приколка од товарно возило со српски регистарски ознаки, кое било паркирано на бензинска пумпа во близина на граничен премин Богородица, пронашле пет лица мигранти од Сирија, на возраст помеѓу 20 и 30 години.
Мигрантите се предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.