Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Проверете дали сте опфатени со најновиот сет мерки од Владата

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 28-ма седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците од КОВИД-19 кризата.
Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, во соработка со Претседателот на Владата и Генералниот Секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.
На страницата kupuvamdomasno.gov.mk може да видите дали сте меѓу оние кои се опфатени во најновиот сет на мерки на Владата. Потребно е само да го внесете матичниот број.