fbpx

Разбојници од Гевгелиско физички нападнале неготинец и му одзеле „бмв“

 Разбојници од Гевгелиско физички нападнале неготинец и му одзеле „бмв“

Вчера во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(23) од село Прдејци, гевгелиско, Л.Б.(23) од Гевгелија, Р.В.(28) од село Стојаково, гевгелиско и С.М.И.(29) од Гевгелија. Тие, на 26.04.2022 околу 01:00 часот на улица „Миле Пецанов“ во Гевгелија физички го нападнале Ј.К.(22) од Неготино и одзеле патничко моторно возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, пари, мобилен телефон и други предмети кои биле во возилото, информираа од СВР Струмица.

За настанот бил запознат Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во текот на вчерашниот ден против лицата била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став4 од Кривичниот законик, по што од судија на претходна постапка им била определена мерка домашен притвор.

Share via
Copy link