Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го отвори Меморијалниот фудбалски турнир посветен на споменот и незаборавот на припадниците на МВР, хероите: Ерол Готак, Сашко Соколов и Коце Крстев. Министерот Спасовски предводејќи делегација од МВР положи цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители Готак, Соколов и Крстев. „Традицијата e вредност, длабоко вткаена во човековото постоење. […]
-Ако првомајските празници во Дојран се индикатор за успешноста на туристичката сезона која ни следува, може да прогнозираме дека за време на летниот период во Општина Дојран ќе се бара сместувачки капацитет повеќе.Иако дождот кој кон крајот на денот традиционално, првомајски не освежи, сепак имавме продолжен викенд за паметење, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. […]
Колешинскиот водопад сместен во срцето на планината Беласица, во рамки на активности на проектот „Туризмот – иднината на регионот“ кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, финансиски поддржан од Бирото за регионален развој доби нови содржини, информираа од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Поплочена е патека за искачување до водопадот, […]
Од 15 до 17 овој месец во Радовиш се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“. Фестивалот се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Фолклорниот ансмбл „Китка“. Во манастирскиот комплекс „Свeти Ѓоргија“, по осумнаесетти пат беше одржан меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“, а учествуваа вкупно 18 фолклорни ансамбли […]
ретседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска ги посети општините Ново Село и Струмица. Во Ново Село на претседателот Пендаровски му беше претставен концептот „Форум во заедницата“, како втора фаза од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија цел е поголемо учество на граѓаните во процесите на одлучување во својата […]
Деновиве правното лице „Конструктор“ Скопје ќе започне со градежни активности со цел имплементација на проектот „Реконструкција на системот за водоснабдување во Богданци“. Станува збор за договор вреден 250 милиони и 228 илјади денари или околу 4 милиони и 68 илјади евра склучен помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и изведувачот „Конструктор“, со кој во […]
Министерството за транспорт и врски денеска изврши прелиминарна распределба на социјалните згради во Гевгелија и Демир Капија. Право на учество на јавниот повик за распределба имаа деца без родители или родителска грижа, со навршени 18 години кои до исполнување на полнолетство биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална […]
-Со проектот за проширување на велосипедската патека во општина Дојран, долж фронтовата линија од Прва светска војна, финансиран од Југоисточниот плански регион, Општина Дојран наскоро ќе се најде на мапата на љубителите на off road велосипедизмот или популарно наречениот mountain bike (планински велосипедизам), објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Во рамки на овој проект се […]
Во рамки на проектот „Туризмот – иднината на регионот“ кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, финансиски поддржан од Бирото за регионален развој успешно заврши реконструкцијата на патот до црквата „Свети Илија“ во село Радичево, Василево, во вредност од 2.196.616 денари, со што се реши еден од главните проблеми на жителите во ова населено место. Станува […]
На 26 март 2023 година, со почеток во 10:00 часот еко акцијата „Чисти ридови за сите“ – повторно ги мобилизира граѓаните на Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Во истата се вклучени и поддршка ќе дадат сите Општини, училишта, граѓанскиот сектор, спортските здруженија, асцоцијации, граѓански иницијативи и индивидуалци. Комуналните претпријатија на Општините ќе им помогнат […]