Вчера во 18:45 часот било пријавено дека регионален пат Валандово – Струмица, во близина на Валандовско брдо, трактор „ИМТ 529“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.Ч. (54) од село Костурино, струмичко, изгубил контрола и удрил во земјен брег покрај патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој е пренесен во Медицински […]
Вчера околу 10:00 часот на регионалниот пат Гевгелија-село Негорци се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Томос“ без регистарски ознаки, управуван од К.М.(78) од Гевгелија и патничко возило „опел астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.З.(61) од Гевгелија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.М. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ […]
Вчера во 10:10 часот било пријавено дека на влез од село Габревци, радовишко, 16-годишна малолетничка од истото село, додека се возела на трактор „ИМТ 533“, кој бил управуван од нејзиниот дедо Ѓ.А.(60), паднала и била прегазена од полуприколката, по што починала на местото на настанот. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител […]
Вчера во 16:00 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип, кај клучка Радовиш, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха YZF R-6“ со швајцарски национални ознаки, управуван од Н.Б.(26) од Радовиш и товарно моторно возило „мерцедес 970“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(31) од Штип. По незгодата Н.Б. и неговиот сопатник С.М.(23) од с.Ињево, радовишко, биле […]
Еуромакс Ресоурцис, Ванкувер – Компанијата “Еуромакс” објавува дека Варшан Гокул се повлече од Бордот на директори на компанијата и поднесе оставка од позицијата – Главен Извршен Директор и Претседател, ефективно од 31 Август 2020.Како резултат на ова, Гокул веќе нема да биде дел од номинираните директори кои ќе го одржат следното годишно собрание на акционерите на 18 […]
Во Радовиш почна уредувањето на нов паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз, информира градоначалникот Герасим Конзулов. -Со изведбата на паркингот, кој е во непосредна близина на СОУ „Коста Сусинов“, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот пред училиштето и ќе се заштитат учениците кои користат организиран училишен превоз, додаде градоначалникот Конзулов.
Здружението „Слоу фуд Огражден“ од општина Босилово денес го промовираше почетокот на донаторската акција за изградба на објект во православната црквата во село Дрвош и поставување урбана опрема во други населени места. Според Сашко Поповски, претседател на Здружението, донаторската акција ќе трае до 21 септември, до верскиот празник Мала Богородица. -На верниците во Дрвош ќе […]
Еуромакс Ресоурцес со големо задоволство и респект го честита Денот на Рударите и празникот на нивната заштитничка Пресвета Мајка Богородица! Континуирани инвестиции во модерно рударство се неопходни затоа што ќе придонесат за значително намалување на евентуалните негативни влијанија и за поефикасна заштита на животната средина. Тие ќе го подобрат животниот стандард на Рударите и нивните […]
Синоќа во ООУ „Петар Мусев“, Богданци беше одржана четвртата форумска сесија во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“ ( кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации), во општина Богданци. На сесијата присуствуваа вкупно 42 граѓани, 5 члена […]
Во соообраќајка на четири возила, што се случи утрово околу 09:00 часот на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Василево, полесно се повредени три лица. Повредените се пренесени со Итната медицинска помош во струмичката болница и според првичните сознанија станува збор за полесни повреди. Полицијата врши увид на местото на сообраќајката.