fbpx

Во сообраќајка кај Гевгелија тешко повреден возач на мопед

Вчера околу 10:00 часот на регионалниот пат Гевгелија-село Негорци се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Томос“ без регистарски ознаки, управуван од К.М.(78) од Гевгелија и патничко возило „опел астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.З.(61) од Гевгелија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.М. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија. 

Извор: МВР-билтен

Share via
Copy link