„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Се асфалтира улицата „Славчо Стојменски“ во Турското маало
Денеска се става нов слој асфалт на улицата „Славчо Стојменски“ од црквата „Свети 15 Тивериополски свештено маченици“ до СОУ „Никола Карев“.
Се реконструира вкупна површина од 730 метри квадратни со отстранување на стариот асфалтен слој, оштетениот тампонски материјал и замена на дотраените рабници на улицата.
Овој градежен зафат чини 2 милиони денари обезбедени од општинскиот буџет.