fbpx

Се одржа трибина во рамките на Кампањата „16 дена активизам за борба против семејно и родово базирано насилство“

 Се одржа трибина во рамките на Кампањата „16 дена активизам за борба против семејно и родово базирано насилство“

-Заедно сме посилни во решавањето на проблемите и создавањето пристоен живот за сите.Вечерва тоа и ги потврдиме со полната сала во Домот на АРМ на трибината во рамките на Кампањата „16 дена активизам за борба против семејно и родово базирано насилство“.Подаваме рака за сите форми на згрижување на жртвите и остануваме отворени како и досега за соработка со институциите и невладиниот сектор кои се занимаваат со оваа проблематика, затоа што нашата цел е што помалку насилство на територијата на општина Струмица, а повеќе среќни луѓе со нормален живот, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

На трибината говореа и Викарниот епископ Стобиски Јаков, Стојне Митева од „Скај плус“ и претставници на министерствата за правда и внатрешни работи.

Трибината се одржа во организација на Општина Струмица и Здружението „Скај плус“.

Share via
Copy link