fbpx

Се преврте комбајн на патот Струмица-Берово, возачот потешко повреден

 Се преврте комбајн на патот Струмица-Берово, возачот потешко повреден

На 16.07.2023 во 16:40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица – Берово, на местоto „Коцева чешма“, Ј.Ц.(20) од село Владимирово, беровско, управувајќи комбајн без регистарски ознаки, изгубил контрола над комбајнот и се превртел надвор од коловозот, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link