fbpx

Се проширува и уредува патеката за планински велосипедизам во Општина Дојран

 Се проширува и уредува патеката за планински велосипедизам во Општина Дојран

-Со проектот за проширување на велосипедската патека во општина Дојран, долж фронтовата линија од Прва светска војна, финансиран од Југоисточниот плански регион, Општина Дојран наскоро ќе се најде на мапата на љубителите на off road велосипедизмот или популарно наречениот mountain bike (планински велосипедизам), објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Во рамки на овој проект се врши машинско порамнување на постојната траса со проширување и на одредени места со пробивање на нова траса. Патеката е во должина од 16 километри.

-А она што е мошне примамливо е тоа што за истата ќе бидат набавени соодветни патоказни знаци за насочување низ трасата. Поставување на летниковци, дрвени клупи, канти за отпадоци е само мал дел од опремата која е планирано да се постави долж велосипедската патека, додава Ангов.

-Благодарение на овој проект, во Општина Дојран, освен класичниот езерски туризам ќе се развиваат и алтернативни форми на туризмот како што е off road велосипедизмот, за што ние како општина особено се залагаме. Со оваа инвестиција ќе имаме зголемен број на активности, ќе се организираат рекреативни тури, како и спортски натпревари кои во иднина ќе придонесат голем број на вљубеници на велосипедизмот да се приближат кон природата, да рекреираат, но и подобро да ги запознаат природните убавини и богатата историја која ја нуди на нашиот Дојран, напиша градоначалникот на Дојран.

Share via
Copy link