Се уредува просторот околу Габровските водопади

Општина Струмица информираше дека почна со дополнително уредување на просторот околу Габровските водопади, со проширување на патеката до третиот водопад во должина од 740 метри и со ширина од 1,5 метри во карпестиот дел и покривање со камен.

– Патеката ќе биде оградена, ќе има два моста и платформа на третиот водопад, а ќе се уредат и постоечките летниковци со маси и клупи. Со ова љубителите на природата ќе можат уште повеќе да уживаат во убавините на овој водопад, велат од општината.

Средствата за овој зафат во висина од 6 милиони и 300 илјади денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Share via
Copy link