НАД 700 ПОСЕТИТЕЛИ НА САЕМОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЕГА ШОПИНГ ПАРК ГЕВГЕЛИЈА
Шверцер оставил 17 мигранти и автомобил па избегал кај Радовиш

Седумнаесет мигранти биле пронајдени на магистралниот пат Струмица – Штип, а во нивна близина било пронајдено возило.
Според информациите на МВР, вчера во 21 часот под надвозникот, кај клучката за Радовиш, од полициски службеници биле пронајдени 17 мигранти, од кои двајца од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан.
Во близина од надвозникот, покрај патот за Радовиш, било пронајдено и патничко возило „рено лагуна“, со тетовски регистарски ознаки, за кое пронајдените мигранти изјавиле дека биле истоварени од него.
По наредба на јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.