fbpx

Синдикатите и градоначалникот Костадинов договорија покачување на платата од 2.806 денари

 Синдикатите и градоначалникот Костадинов договорија покачување на платата од 2.806 денари

Денеска, се оствари средба помеѓу Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, претседателите на синдикалните организации во Општина Струмица и Јавните комунални претпријатија со Градоначалникот на Општина Струмица , Kostadin Kostadinov .

На задоволство на работниците и нивните претставници, Градоначалникот Костадинов ги прифати барањата на синдикатите и платите на сите вработени во општината и јавните комунални претпријатија за 2806 денари во нето износ.

Градоначалникот Костадинов истакна дека во овие сложени услови за работа и на општината и на јавните претпријатија им е тешко да работат, но најтешко им е на работниците на кои треба да им се помогне кога им е најтешко.

Претседателите на СУТКОЗ и УПОЗ, Димовски и Деаноски изразија задоволство од постигнатите решенија и потпишаните Колективен договор и спогодби.Со потпишување на Колективниот договор во Општина Струмица помеѓу Градоначалникот, Костадинов и Претседателот на УПОЗ, Деановски, и потпишаните спогодби помеѓу Директорите и Претседателот на СУТКОЗ и Претседателите на синдикалните организации, платите на сите вработени во Општина Струмица, ЈКП Струмица, ЈПЕД Струмица гас, ЈП Паркиралишта Струмица, ЈПКД Комуналец Струмица се зголемуваат за 2806 денари во нето.

Во јавните претпријатија согласно потпишаните спогодби, ќе се склучат и Колективни договори на ниво на работодавач со кои ќе биде регулирано ова право.

Примерот на Општина Струмица е најдобриот пример кој треба да го следат и останатите општини, со оглед на фактот што во исти ден се потпишаа сите потребни документи, Колективен договор и спогодби, за да се обезбеди ова право на работниците по пат на социјален дијалог.

Share via
Copy link