fbpx

Сите училишта во Струмица склучија договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ по цена од 95 евра за мегаватчас

 Сите училишта во Струмица склучија договори  за снабдување со електрична енергија со ЕСМ по цена од 95 евра за мегаватчас

Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија од 30 октомври годинава, за преземање мерки во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, сите основни и средни училишта од општина Струмица поднесоа документи во предвидениот рок и склучија договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба ДООЕЛ, по цена од 95 евра за мегаватчас.

Според градоначалникот Костадин Костадинов, оваа цена е мошне половна за училиштата, но во однос на анализите и споредбите сепак треба да помине време.

-Уште не е поминат првиот месец за да ја видиме и првата фактура, но убеден сум дека ќе имаме големи генерирани заштеди, но за подетални информации ќе мора да ги добиеме фактурите, да седнеме со директорите и да ги видиме резултатите од мерката, рече струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link