fbpx

Сообраќајка во Струмица,млада жена потешко повредена

На 31.10.2022 во 12.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Балканска“ во Струмица,  патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(62) од Скопје, со живеалиште во Струмица, удрило во пешакот М.Р.(28) од село Еднокуќево, струмичко, соопштија од СВР Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р. констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link