fbpx

Сопатничка потешко повредена во сообраќајка кај Богданци

 Сопатничка потешко повредена во сообраќајка кај Богданци

МВР соопшти дека вчера во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на Регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(35) од Гевгелија и патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А.(33) од Нов Дојран.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „хјундаи“, Л.Ј.В.(57) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Share via
Copy link