„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Спречен нов инцидент во струмичката болница откако почина деветмесечно дете
Попладнево околу 16:00 часот на детското одделение при струмичката болница е спречен нов инцидент, откако починало деветмесечно дете од село Банско, а еден од роднините на детето реагирал со обвинувања кон лекарите.
Според директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, детето во болницата било донесено во многу тешка состојба и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало. Обезбедувањето на болницата навреме ја повикало полицијата и бил спречен поголем инцидент.
Инаку, денес претпладне се случи голем инцидент на инфективното одделение во болницата, кога група од дваесетина граѓани украдоа мртовец.