„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Србин лишен од слобода-шверцувал мигранти од Куба
Вчера околу 15:45 часот на бензинска пумпа на автопат А1 – Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода Е.Е.(19) од Република Србија, затоа што во возило „форд галакси“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 14 лица државјани на Куба, од кои две малолетни, со нелегален престој во државата.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.