fbpx

Средба Костадинов-Фридман

 Средба Костадинов-Фридман

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска оствари средба со Ебен Фридман шеф на Мониторинг одделот при мисијата на ОБСЕ во Скопје.На средбата разговараа на теми од областа на безбедноста во градот и новите предизвици со коишто се соочува општина Струмица во секојдневното работење.

Општина Струмица и Мисијата на ОБСЕ во Скопје имаат одлична соработка и долги пријателски односи, којашто меѓу другото го препозна успешното функционирање на Локалниот совет за превенција и го препорача како модел за останатите општини во државата. Токму, овој Совет ја вброи Струмица меѓу 210-те градови и општини ширум светот кои се членови на Мрежата на силни градови.

Share via
Copy link