„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Старец од Мокриево починал по палење на стрниште
На 05.07.2022 околу 15:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во атарот на село Мокриево, струмичко, на местото „Ниш Поле“, бил пронајден починат Ј.М.(70) од село Мокриево со изгореници по телото.
По преземени мерки било утврдено дека тој претходно излегол да го запали стрништето, а откако не се вратил дома неговата сопруга го пронашла починат со изгореници.
По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.
Фото: архива