„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Стојановски:Да ги почитуваме правата на другите
Прес конференција на Златко Стојановски, кандидат за пратеник од СДСМ
Почитувани граѓанки и граѓани Начинот на кој општеството гледа на попреченоста е еден од клучните показатели за тоа во какво општество живееме. Како одговорна партија, во изминатите 3 години, го трансформиравме системот за поддршка и пристапот до правата и услугите. Тоа се клучни мерки преку кои градиме општество засновано на права, солидарност, соработка и вклучување. Оттука, сакам да нагласам дека за првпат во нашата држава, после долги години, се потенцира независноста на лицата со попреченост и нашето право на носење одлука. По 30 години поминати во институција можам слободно да кажам дека со активностите кои се преземени во изминатите 2,5 години вратено ми е достоинството, правото да изберам каде ќе живеам, правото самостојно да одлучувам и правото на независен живот За прват после толку години барање се воспостави услугата на поддржано живеење во заедницата, се отворија мали групни домови, се воведоа голем број индивидуализирани услуги, како личната асистенција и помошта во домот, кои со сигурност овозможуваат ние, лицата со попреченост, да бидеме активни граѓани кои придонесуваат во развојот на сопствената заедница. Истовремено започнати се активности за професионална рехабилитација и тоа е реалност овде кај нас во Струмица, со која ќе ни се зајакнат способностите и ќе ни се олесни и влезот на пазарот на трудот. Се надеваме дека оваа успешно започната приказна продолжува и дека во иднина со уште поголем мотив и со наша вклученост ќе ги продолжиме активностите кон исполнување на обврските преземени со Ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Ќе го продолжиме започнатиот процес на деинституционализација, односно преселба на лицата кои живеат во старите и заборавени институции во поддржано живеење во локалните самоуправи, согласно желбите и барањата на лицата кои се уште се таму.
Дополнително во наредниот период, односно во 2021 година за 15% ќе се зголемат и за користење на личната асистенција ќе се спушти од 18 на 6 години со што ќе се поддржи инклузивното образование. Пристапноста на сите јавни инстиуции ќе заврши до 2024 година за конечно да имаме еднаков пристап до сите права и услуги. Со овие процеси не само што ќе го подобриме нашето живеење , туку ќе ги развиеме и услугите од секторите здравство, образование и социјална заштита кои ќе одговорат на нашите потреби Воедно со ова ја менуваме и свеста кај целото општество за различностите помеѓу сите нас и дека различностите не се ниту опасни, ниту страшни и дека треба да научиме да живееме заедно и да ги почитуваме правата на другите околу нас Во делот на грижа за лицата со попреченост, СДСМ покажа многу. Но ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро.