Вчера во 18:45 часот било пријавено дека регионален пат Валандово – Струмица, во близина на Валандовско брдо, трактор „ИМТ 529“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.Ч. (54) од село Костурино, струмичко, изгубил контрола и удрил во земјен брег покрај патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој е пренесен во Медицински […]
Здружението за медиумска писменост Медија Флеш започнува со реализација на проектот „Читај меѓу редови и биди медиумски писмен“ финансиран и поддржан од стрaна на Општина Струмица. Овој проект има за цел зголемување на свеста на младите во општина Струмица за критичко размислување преку мотивација за креирање на сопствен став и одговорно изјаснување во јавноста, со користење на аргументи […]
Работни единици од одделенијата „Комунална хигиена” и „Градско зеленило“ при јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец” почнаа акција за генерално чистење на Спомен Костурницата на ридот Самораница над градот. Со кастрење на гранките, тревите, збирање на сметот, со генерално уредување на пристапната патека до овој споменик како и негово целосно чистење ЈПКД „Комуналец“ се обидува […]
Детската едукативна интерактивна претстава ” Дружината на Лајко Сезнајко” која е дел од проектот “Животните од фармата” реализиран од здружението „Видливост“ од Струмица, а финансиски поддржан од Општина Струмица, во недела ќе се одигра во Прилеп. -Како дел од одржливост на проектот кој беше реализиран во 2018 година, деновиве претставата се обновува за да учествува […]
Со излегувањето на отворената сцена во Градскиот парк на актерите Танкица Стојанова, Ѓорги Трајков и Никола Костадинов со претставата „Умри машки“ од Алдо Николај во режија на Кире Ѓоргиев, а во продукција на струмичкиот театар „Антон Панов“, вечерва почна дваесет и осмото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Фестивалот за отворен го прогласи […]
Докторот специјалист по спортска медицина од Кавадарци, Бошко Илиев (55) од Кавадарци, на Денот на независноста, ја преплива акумулацијата „Турија“ кај Струмица во должина од 6 километри за време од 2 часа и 36 минути. Денешниот беше негов 91 маратон и дел од маратоните за промоција на убавините и езерата во државата. Доктор Илиев досега […]
Фолк ѕвездата Сузана Гавазова со специјална фото сесија направена на локалитетот Цареви Кули го честиташе Осми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Вчера во 01:15 часот во СВР Струмица, А.В.(50) од Струмица пријавил дека двајца малолетници, кои ги превезувал со неговото такси возило, со закана со остар предмет му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Извор: МВР-билтен
Дваесет и осмото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ почнува утревечер на сцена на отворено во Градскиот парк во Струмица во 20 часот, информираше директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков. Во конкуренција за единствената награда за најдобро актерско остварување се актери од седум претстави од земјава. Заради пандемијата не учествуваат претстави од други […]
Синоќа заврши деветтото издание на Струмица ОПЕН фестивал кое понуди 20 настани во 20 фестивалски денови. На последниот фестивалски ден публиката уживаше во завршниот концерт на Дани Димитровска и нејзините гости Александра Јанева и Васил Гарванлиев. На изненадување на посетителите, тројцата музичари заеднички го изведоа безвременскиот хит Imagine. Мотото на овогодинешното издание беше „поинаква приказна“ […]