Поранешниот премеиер Зоран Заев и неговиот брат, познатиот бизнисмен Вице Заев, денеска ја основаа Фондацијата Заев – Едно општество за сите. Директор на фондацијата е Зоран Заев. Фондацијата ќе врши дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница […]
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска ја пуштија во употреба новата спортска сала во училиштето „Маршал Тито“ во Муртино. -Изградена по најсовремени стандарди на површина од 650 метри квадратни, салата обезбедува квалитетни услови за реализација на часовите по физичко образование и тоа не само за учениците од […]
-Денеска ја отворивме вратата за Центарот за истражување и анализи НОВУС за реализација на проект „Заштита од корупција“ како соработници на Центарот за граѓански комуникации со кој Општина Струмица склучи меморандум за соработка, објави градоначалникот Костадинов. -Претседателот на НОВУС, Ѓорги Милушев, ме информираше за реализацијата на проектот кој опфаќа мониторинг на процесите за јавни набавки […]
-Никогаш не сум кажал дека се знам и дека моите идеи се најдобри.Но, сум кажал дека мојот кабинет секогаш ќе биде отворен за сите граѓани, за нивните предлози и сугестии за подобра Струмица.Првото доброутро и добредојде во мојот кабинет и го посакав на Ана Марија Јованова, 18-годишна млада девојка која штотуку го заврши средното образование […]
На 04.06.2022 во 09.00 часот И.И.(20) од с.Подареш-радовишко пријавил дека во Струмица по претходно недоразбирање околу сообраќај бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. На 04.06.2022 во 16.45 часот Л.К.(68) од Струмица пријавил дека во Струмица бил физички нападнат од Д.А. Се работи на расчистување на случајот. На 04.06.2022 во […]
Вечерва во Струмица, на платото пред Центарот за култура беше одбележан Денот на пријателството меѓу Северна Македонија и Италија. Во присуство на граѓани, претставници на дипломатскиот кор во земјава и членови на Советот на општината говореа градоначалникот Костадин Костадинов и амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри. Во своето обраќање градоначалникот Костадинов го потенцираше развојот на пријателството […]
Денеска се одржа конститутивно-изборна седница на собранието на ОО Црвен крст Струмица.На седницата се избраа претседател, потпретседател, раководен одбор и финансиска комисија. Едногласно за претседател повторно е избран д-р Васил Тунев, а потпретседател д-р Татјана Тимова.
-Со „Вело Струмица“ го славиме 3.Јуни – Светскиот ден на велосипедот.Возиме велосипеди, ги промовираме нивните предности, ги поттикнуваме и едуцираме најмладите.Попладнево одржавме неформален Вело час со учениците од основните училишта на кој разговаравме за велосипедската опрема, за физичката подготвеност, за вело културата.Продолжуваме вечерва со Вело револуција.Ги сакаме велосипедите и развиваме еколошки однос кон нашата Струмица, […]
-Со посебна чест, срдечно добредојде му посакав на Дејвид Гир, амбасадор на Делегацијата на ЕУ во РСМ. На средбата разговаравме на повеќе теми, а поттик ни беа заедничките цели – прогресивен развој со втемелување на европските вредности. Гордост ни се реализираните и проектите во тек, а кои финансиски се поддржани од европските фондови, објави градоначалникот […]
На средбата на градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов со Амбасадорот на НР Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо во февруари годинава, беше разговарано за организирање на курсеви по кинески јазик за учениците од училиштата во надлежност на општина Струмица. Бесплатни онлајн курсеви по кинески јазик се реализираат од почетокот на месец мај […]