Струмичанец приведен во Штип- управувал возило со 2,19 промили алкохол
Струмичанец приведен во Штип- управувал возило со 2,19 промили алкохол
МВр соопшти дека вчера 19:45 часот на улица „Гоце Делчев “ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.П.(51) од Струмица.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,19 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Фото: архива