Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Струмичанецот и македонски репрезентативец Љупче Дориев и официјално промовиран во узбекистанскиот прволигаш Согдиана од Јизах
Струмичанецот и македонски репрезентативец Љупче Дориев и официјално промовиран во узбекистанскиот прволигаш Согдиана од Јизах.
По завршувањето на соработката со Шкендија, 27-годишниот крилен офанзивец официјално стави потпис на договорот со Согдиана каде ќе заработува 300.000 евра годишна плата, плус бонуси.
Претходно во својата кариера Дориев настапуваше за екипите на Хоризонт Турново и Академија Пандев пред во јуни 2020 година да се пресели во редовите на Шкендија каде мина три одлични години кои го издвоија и со неизбежни повици во македонската репрезентација.