fbpx

Струмичани ги ќердосаа „Кавалерите“

 Струмичани ги ќердосаа „Кавалерите“

-Со среќа нека ни се струмичките кавалери! Го исполнив дадениот збор и од денеска оваа нова бесплатна услуга за граѓаните ја ставивме во пробна функција, објави градоначалникот Костадинов.

-Две електрични возила започнаа да возат низ паркот, плоштадот и пешачките зони, а можат да ги користат сите граѓани, а секако предност имаат повозрасните и лицата со попреченост.Возењето е бесплатно и еколошко, воведено по примерот на Љубљана и прво во државата.

Мои сограѓани, користете го овој бенефит и уживајте во нашата убава Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link