Градоначалникот Костадинов поканува на присуство на новогодишна бајка на плоштадот
Потпишан Меморандум за соработка меѓу „Медија Флеш“ и Средното училиште „Никола Карев“
Претседателот на Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“, Ристо Тасев и директорот на Државно средно училиште-Регионален центар за стручно образование и обука „Никола Карев” Струмица, Зоран Петков, потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот се однесува на резлизирање на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“. Оваа активност е поддржана од проектот „Млади агенти на промената“ имплементиран од „Центар за интеркултурен дијалог“ (ЦИД), „Сојуз на извидници на Македонија“ и Центар за истражување и анализи „НОВУС“ Струмица со финансиска поддршка од ЕУ. [ ], којшто во наредниот период ќе го реализира нашето Здружение, а во кој активно ќе бидат вклучени ученици и професори од „Никола Карев“.
Основна цел на проектот е да се унапреди медиумската писменост и да се создадат вештини за критичко размислување и анализирање кај младите во Општина Струмица за да се справат со дезинформациите и лажните вести.
Овој проект ги поттикнува младите да станат одговорни конзументи на информациите, свесни да носат информирани одлуки и да се вклучуваат во конструктивен дијалог со сите релевантни чинители. Заради сето ова проектот цели и придонесува за создавање информирана и кохезивна заедница.
Со овој проект ќе се поттикне развој на механизмите за соработка кои се бараат од различни засегнати страни, вклучувајќи медиумски организации, граѓанско општество, образовни институции, локални власти, млади и други чинители. Тие можат со заедничка работа да го намалат негативното влијание на лажните вести и дезинформациите и преку колективен напор од сите да се создаде заедница која е добро подготвена да се движи низ светот на информациите и да оди напред заедно.
За повеќе информации следете ја фејсбук страницата на Здружението: https://www.facebook.com/mediaflashsr.