Полициски билтен:пронајдена марихуана, обид за тешка кражба и физички напад во Радовиш
Осумдесетгодишен жител на Богданци физички се пресметувал со сограѓанин
СВР Струмица информираше дека вчера во 12:30 часот во Полициската канцеларија Богданци, С.Ј.(80) од Богданци пријавил дека околу 12:00 часот во Богданци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и З.И. од Богданци.
По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.