Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
Контејнерите за примарна селекција на отпад, што беа поставени низ градот од ЈПКД „Комуналец“ со цел да помогнат на домаќинствата во примарната селекција на отпад која според законот се должни да ја прават, за жал ја немаат својата функција бидејки во нив се фрла секаков вид на отпад, а некои од нив по само месец дена се искршени, информираат од струмичкото комунално претпријатие.
– Покрај нашата секојдневна работа, незеинтересираноста на домаќинствата, многу ниската еколошка свест и непочитувањето на законите допринесуваат секојдневно да имаме повеќе губре, повеке диви депонии. И покрај објаснувањето дека сините контењери се исклучиво за хартија, а жолтите само за ПЕТ пластика граѓаните, со чест на исклучоци, го игнорират законот за примарна селекција на отпад. Со таквото индолентно и незаинтересирано постапување кон животната средина остануваме да го живееме животот во ѓубрето што сами си го создаваме, објавија од ЈПКД „Комуналец“.