„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмичката болница се приклучи на гасоводната мрежа
Јавното претпријатие за енергетска дејност „Струмица гас“ го заврши целиот процес којшто опфаќаше изградба на нова котлара, поставување на потребната опрема и приклучување на гасоводната мрежа. Во тек е пробната работа во која ќе бидат извршени сите потребни интервенции, по што до крајот на неделата и официјално Општата болница целосно ќе се затоплува со природен гас, објави досегашниот градоначалник на Струмица, Коста Јаневски.
Тоа е општинскиот влог во оваа инвестиција која изнесува 6.900.000 денари, 5 милиони денари обезбеди Генералниот секретаријат на Владата и 1.900.000 денари Министерството за здравство.
Болницата, неколку години наназад беше посочувана како еден од загадувачите во нашата Општина бидејќи затоплувањето се вршеше со нафта. Со гасификацијата го подобруваме квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, објави Јаневски.