Струмичките пожарникари гаснеа пожар меѓу селата Вељуса и Ангелци

 Струмичките пожарникари гаснеа пожар меѓу селата Вељуса и Ангелци

ТППЕ Струмица соопшти дека денеска во 12:30 часот во атарот помеѓу селата Вељуса и Ангелци избувнал пожар кој поради силниот ветер се ширел доста брзо.

-Беше зафатена поголема површина од сува трева и трски.ТППЕ Струмица интервенираше со две ПП возила и шест пожарникари-спасители.Пожарот е целосно изгаснат околу 15.00 часот со што е спречено негово ширење и предизвикување поголема материјална штета, објавија струмичките пожарникари.

Фото: ТППЕ Струмица

Share via
Copy link