„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица домаќин на вториот Национален рурален парламент
Денеска и утре Струмица е домаќин на вториот Национален рурален парламент во рамките на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој.
На парламентот кој се одржува во хотелот „Сириус“ учествуваат околу 80 претставници од граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор.
Од името на градоначалникот Костадин Костадинов учесниците ги поздрави Александар Ненчев, член на Советот на општина Струмица.
-Се надевам дека унапредувањето на националната платформа ќе продолжи и во наредниот период со засилен интензитет на комуникација со локалната и националната власт, преку заедничкото дефинирање на политиките и прашањата поврзани со руралниот развој. Средбите и размената на искуства за подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини во земјата, како и нештата кои ќе прозлезат од препораките кои ќе бидат предмет на дискусија на Националниот рурален парламент, се надевам дека ќе бидат добра основа за долгорочно позитивно влијание за развојот на руралните заедници, рече Ненчев.