fbpx

Струмица го доби најновиот жител-првото бебе е машко

 Струмица го доби најновиот жител-првото бебе е машко

-Струмица е побогата за уште еден жител, прв во Новата година. После само еден час и 10 минути од доаѓањето на Новата 2024 година, на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ „Општа Болница Струмица“ се роди здраво машко дете, тешко 3.350 кг. По царски рез, бебето на свет го донесе струмичанката Љубинка Терзиева, како нејзино второроденче, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Како прв жител на нашата Општина на новороденчето му подаривме штедна книшка со 40.000 денари. Да е здраво и живо новороденчето, а новата година нека биде плодна, со уште многу машки и женски деца, напиша Костадинов.

Share via
Copy link