Струмица и турската општина Буча ќе се збратимат

 Струмица и турската општина Буча ќе се збратимат

Општина Струмица и Општина Буча, град Измир, Република Турција, денеска потпишаа Протокол за меѓусебно разбирање и намера за збратимување, во насока на продлабочување на пријателските односи и зајакнување на соработката помеѓу двете општини, информирааа денеска од Општината.

Со овој Протокол, кој влегува во сила веднаш по потпишувањето, двете општини се обврзуваат на заедничка работа во следните области: продлабочување на билатералните односи во согласност со законските прописи на двете држави, поттикнување на економската соработка и нови можности за инвестиции,активно учество во меѓународни културни и уметнички активности, развој на програми за младинска размена и соработка помеѓу младите генерации.

За успешна имплементација на оваа соработка, ќе бидат назначени координатори од двете општини, кои ќе ја зголемат ефикасноста на меѓусебната комуникација и партнерство.

Протоколот ќе се обновува на секои пет години, во зависност од потребите на двете општини.

Протоколот го потпишаа Ѓоркем Думан, градоначалник на Општина Буча и Елена Маѓеровска Паликарова, заменик градоначалник на Струмица.

Share via
Copy link