„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица не го испушта врвот од ковид статистиката-42 нови,еден починат и 36 оздравени
Во последните 24 часа се направени 5.865 тестирањe, а регистрирани се 722 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 302• Тетово – 51• Куманово – 46• Струмица – 42• Гостивар – 39• Охрид – 24• Велес ,Кичево и Штип – по 21• Кавадарци – 19• Битола ,Свети Николе и Струга – по 18• Прилеп – 16• Кочани – 13• Дебар – 7• Делчево и Радовиш – по 6• Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4• Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3• Богданци,Валандово и Виница – по 2• Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1 .
Пријавени се 26 починати лица:
6 починати лица од Скопје (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), по 5 починати лица од Тетово (74г,73г,68г,67г и 62г), по 3 починати лица од Гостивар (82г,55г и 52г) и Куманово (84г,71г и 65г) , по 2 починати лица од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Крива Паланка (23г) ,Струмица (73г) ,Штип (67г) ,Охрид (84г) и Прилеп (83г). Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а 6 од пријавените лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 574 оздравени пациенти од:
• Скопје – 169• Тетово – 105• Гостивар – 87• Струмица – 36• Куманово – 35• Кичево – 27• Кавадарци – 14• Битола и Кочани – по 13• Штип – 11• Прилеп,Велес и Радовиш – по 10• Свети Николе – 8• Гевгелија – 4• Крива Паланка и Виница – по 3• Неготино, Ресен, Пробиштип ,Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2• Охрид, Делчево ,Крушево,Демир Хисар,Демир Капија и Кратово – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.