„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица Никоб на чекор до 10-та шампионска титула
Одбојкарите на актуелниот македонски шампион, Струмица Никоб, вечерва го направија вториот чекор кон освојувањето на титулата во годинашното првенство. Во вториот натпревар од финалната серија вечерва во Велес го победија ГОК Борец со 3:1 (25:19, 21:25,25:20 и 27:25).
Наредниот натпревар се игра в среда во Струмица, а со победа на струмичките одбојкари на домашен терен ќе ја прослават јубилејната десетта шампионска титула.
Фото: архива