Струмица по втор пат со градоначалник на еден ден
-Транспарентна, отчетна и голем пријател на младите, таква е мојата и нашата Општина.Денеска по втор пат ги отворив вратите од мојот кабинет во рамките на заедничкиот проект со Europe House Strumica „Градоначалник на еден ден“.Добредојде и посакав на средношколката Ангела Витанова со која заедно ја реализираме мојата денешна агенда, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
-Младите во Струмица не се само неми набљудувачи, туку активни учесници во општинските политики и креатори на сегашниот и идниот развој на нашата Струмица.Силата на Струмица е во младите!, напиша струмичкиот градоначалник.