fbpx

СВР Струмица: Денеска пријавено насилство во село Василево за врема на изборната капмања

 СВР Струмица: Денеска пријавено насилство во село Василево за врема на изборната капмања

На 24.10.2021 во 12:30ч. В.М. (33) пријавила кривично дело насилство сторено од А.В. од с.Василево и С.А. од с. Василево, соопштија од СВР Струмица.

Според пријавеното, околу 11 часот додека пријавителката заедно со уште неколку лица ги посетувала жителите на с.Василево во рамките на изборната кампања за Локалните избори 2021, забележале дека подолго време се движело возило зад нив во кое возило имало две лица. 

Кога пријавителката и лицата кои биле со неа влегле во дворното место на Б.И. од с.Василево, во дворот влегле С.А. и А.В. и почнале да упатуват навреди и закани кон нив. Според пријавеното, кога пријавителката го земала телефонот да повика полиција А.В. физички ја нападнал, а кога  К.П. се обидел да ја заштити, и тој бил физички нападнат од А.В., а С.А. се обидел да го удри К.П. но не го погодил. 

Од страна на СВР Струмица известен е јавен обвинител и се превземаат мерки за расчитување на настанот, по што ќе се следи соодветен поднесок до ОЈО Струмица.

Share via
Copy link