fbpx

СВР-Струмица и градоначалникот утре на средба со банкарите

 СВР-Струмица и градоначалникот утре на средба со банкарите

Секторот за внатрешни работи – Отсек за превенција – Струмица, ги поканува раководителите – одговорни лица на Банки на подрачјето на општина Струмица, утре 07.10.2020 година (среда) во 13,00 часот, во Дом на АРМ Струмица, да присуствуват на Советодавната група на граѓани-Струмица, организиран од  градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски и Началникот на СВР-Струмица Танчо Пројковски,  на тема: “Почитување на законите и протоколите од Владата на Република Северна Македонија“ .

Средбата со раководителите на Банките и со сите чинители надлежни за справување за заштита и превенција од ширење на Корона вирусот – COVID 19 донесени од Владата на Република Северна Македонија ќе придонесе за заеднички координиран проактивен пристап  во насока на намалување на последиците од Корона вирусот COVID 19 на подрачјето.

Share via
Copy link