Tags : Градоначалник

Почина Костадин Манолев, првиот градоначалник на Струмица во независна Македонија

Денеска во Струмица на на 78 годишна возраст почина Костадин Манолев, прв градоначалник на Струмица во независна Македонија во периодот од 1990 до 1996 година, најпрвин како претседател на Општина Струмица, а потоа како градоначалник. Покрај оваа функција, Манолев во текот на својот живот извршувал и други значајни општествени и политички функции.

Градоначалникот на Василево во посета на општина Кресна, Бугарија

-Во рамки на работната посета на Република Бугарија, остварив средба со градоначалникот на општина Кресна, Николај Георгиев. На средбата беше разговарано за актуелни теми, како и за продлабочување на соработката помеѓу двете општини. Беше разговарано и за размена на искуства во областа на образованието, објави градоначалникот на Василево, Славе Андонов.

Градоначалникот Андонов оствари средба со координаторот на ТИКА Халим Омер

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и координаторот на ТИКА (Турска агенција за соработка и координација) Халим Омер Согут, заедно ги посетија населените места Висока Маала и Новаа Маала, по што имаа работен состанок во кабинетот на градоначалникот Андонов. Во фокусот на посетата на населеното место Висока Маала, беше новото училиште во ова населено место, […]

Костадинов: Задутре почнува струмичкото чудо-Струмичкиот карневал!

По пауза од две години поради пандемијата од Ковид 19 го враќаме „Струмичкото чудо“. Вековната карневалска традиција продолжува од 2 до 9 март со сите нишани на типичното, само за нас, празнување под маски, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Со претседателот на Организациониот одбор на карневалот, Александар Цицимов, на денешната прес конференција ја информиравме […]

Отчет на градоначалникот на Општина Василево Славе Андонов за првите

Градоначалникот на општина Василево, Славе  Андонов во присуство на голем број свои сограѓани, даде отчет за сработеното во првите сто дена од својот мандат. Како што рече на почетокот на своето обраќање отчетот го дава „достоинствено, отворено, со крената глава, свесен за постигнатото, притоа….максимално почитувајќи ги барањата на граѓаните бидејќи оправданоста на сите активности има […]

Отчет на градоначалникот Костадинов за првите 100 денови од мандатот

Интегрален текст од обраќањето на градоначалникот Костадин Костадинов Сто дена заедно со мојот тим, општинската администрација и општинските јавни претпријатија работиме дисциплинирано, домаќински и вредно ги исполнуваме барањата и ветувањата кон граѓаните и ја создаваме најдобрата верзија на нашата Струмица. Едно од тие ветувања е дека мојата работа ќе биде транспарентна и отчетна, граѓаните секогаш […]

Средба на градоначалникот Андонов со кик боксерот Пепи Велков

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во својот кабинет оствари средба со кик боксерот од А1- Арена, Петре (Пепи) Велков, при што му беше ветена финансиска поддршка за  престојниот интернационален натпревар, што ќе се одржи во Хам, Германија, на 26 февруари. -Како локална самоуправа, секогаш сме на страната на младите, на спортот и спортскиот […]

Честитка од градоначалникот Костадинов за Водици

Драги мои сограѓани, возљубени чеда во Господа, Со големо задоволство Ви испраќам уште една јануарска честитка, овојпат по повод денешниот празник Богојавление – Водици, еден од најголемите наши празници, впечатливо напишан во христијанскиот календар. Денес го славиме денот кога Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, со што му се дава значење […]

Градоначалникот на Василево воведува приемен ден за граѓаните

Градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, воведува приемен ден за граѓаните.  Секој понеделник почнувајќи од 13,00 часот ќе биде период во кој граѓаните по претходно закажување ќе можат да остварат средба со градоначалникот на која ќе можат да разговараат со него и да му ги изложат своите проблеми, идеи или прашања. Телефонски број за закажување […]

Кампања на општина Босилово за одговорно учество во сообраќајот

-Намали ја брзината! За твоја и наша безбедност! Кампања на општина Босилово за подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот.Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат фатално. Затоа апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја намалат брзината бидејки се работи за здравјето и животот на секој од нас, објави денеска градоначалникот на Босилово, […]