Tags : изгоре

Изгоре викендичка кај браната „Водоча“

Синоќа во 01.15 часот бо близина на браната Водоча, ТППЕ Струмица со 3 ПП возила и 6 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена викендица, информираа струмичките пожарникари. Пожарот е пријавен од случајни минувачи и беше во поодмината разгорена фаза. Веднаш после пристигнувањето беше спречено неговото ширење а потоа пристапено кон негово целосно ликвидирање. Причинета е […]

Изгоре автомобил во Банско

Попладнево околу 18 часот во село Банско, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило кое во моментот на пристигнувањето беше во разгорена фаза, информираа струмичките пожарникари. Се додава дека за кратко време пожарот бил локализиран и ликвидиран, а причинета е значителна материјална штета. Фото: […]

Изгоре покрив од зграда во Струмица

МВР соопшти дека синоќа во 21:50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар на покрив од станбена зграда лоцирана на улицата „Никола Тесла“ во Струмица. Станарите биле безбедно евакуирани, пожарот бил изгаснат и повредени лица нема. Увид на местото на настанот во текот на денот ќе извршат инспектор за пожари и екипа […]

Изгоре автомобил во село Старо Владевци

-Синоќа во селото Старо Владевци, ТППЕ Струмица со 1 против пожарно возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило кое во моментот на пристигнувањето беше во разгорена фаза, објавија струмичките пожарникари. -За кратко време пожарот беше локализиран и ликвидиран. Причинета е значителна материјална штета, се додава во информацијата на ТППЕ Струмица.

Изгоре куќа во село Иловица

Синоќа во 21:15 часот во село Иловица ТППЕ Струмица со три против пожарни возила и 10 пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена куќа. -Пожарот во голема мера беше загаснат од месното население. По пристигнувањето е извршена контрола и догасување на некои жаришта низ просториите на куќата, се наведува во информацијата од пожарникарите. Фото: ТППЕ Струмица

Изгоре куќа во Василево

Денеска во 13:40 часот во село Василево, ТППЕ Струмица со 2 против пожарни возила и 8 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена куќа. Како што информираа струмичките пожарникари, пожарот е локализиран и ликвидиран при што е спречено истиот да се прошири и на соседните куќи и објекти и да предизвика уште поголема материјална штета.

Изгоре товарно возило во близина на селото Дрвош

Денеска во 09:00 часот, во близина на село Дрвош, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено товарно возило. Според информацијата од струмичките пожарнкари предизвикана е значителна материјална штета.

Изгоре столарска работилница во Струмица

Денеска во 15:00 часот, на ул.„Ристоман Попчевски“, ТППЕ Струмица со 2 против пожарни возила и 6 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена дрвена барака која се користела како столарска работилница, при што е причинета значителна материјална штета, соопштија струмичките пожарникари.

Во Муртино изгоре автомобил и помошен објект

Струмичките пожарникари информираа дека синоќа во 22:15 часот во село Муртино со едно против пожарно возило возило и 5 пожарникари-спасители интервенирале на гасење на запалено патничко моторно возило и помошен објект. Пожарот бил во разгорена фаза и брзо по пристигнувањето е изгаснат и е спречено негово ширење кон останатите делови на објектот.

Изгоре автомобил на патот меѓу Муртино и Сачево

Денеска во 09:30 часот, на патот помеѓу селата Муртино и Сачево, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило, соопштија струмичките пожарникари. Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење. Причинета е значителна материјална штета.