Tags : Костадинов

Костадинов: Се става асфалт на делницата Струмица-Дабиле

-Зборот е збор за мене.Синоќа ветено, денеска реализирано.Се става асфалт на делницата Струмица – Дабиле со што се решава сообраќајниот метеж, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Благодарам до општествено одговорните компании за обезбедената донација за асфалтирање на делницата.Нека ни е со среќа!Секогаш од срце за мојата Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Водици

Почитувани сограѓани – верни поклоници на Христа, Време е да му се израдуваме на деветнаесеттиот ден од јануари, денот во кој го славиме Водици или Богојавление, еден од најголемите и најубавите христијански празници. По Бадник, Божик и Василица дојде денот со кој ги заокружуваме таканаречените „некрстени денови“ од циклусот – зимски празници. Денес со пиетет, […]

Градоначалникот Костадинов му врачи штедна книшка со 40 илјади денари

-Кога новороденчето е здраво и живо, кога мајката е бескрајно среќна поради својата втора рожба, а медицинскиот персонал од Одделението за гинекологија и акушерство презадоволен од својот професионален ангажман, тогаш на градоначалникот не му преостанува ништо друго освен да биде насмеан од радост и исполнет со позитивни емоции. Штедната книшка со 40.000 денари е само […]

Божиќна честитка од градоначалникот Костадинов

Почитувани сограѓани, христијани од католичка вероисповед, Празник е кога вистински празнуваат срцата и душите. Празник е кога му се радувате на денот кој ве исполнува и ве прави посреќни од вообичаеното. Овој ден е токму таков, ден во кој со озарени лица го славите раѓањето на Исус Христос, кој повторно ја дарува смислата на постоењето, […]

Костадинов: Социјалната населба се гради според планираната динамика

При крај се градежните активности од првата фаза во делот на нискоградбата која чини 100 милиони денари, а опфаќа реализација на пристапна улица, изведба на планирани платформи за куќи, потпорни ѕидови и инфраструктурни активности, објави градоначалникот Костадинов. -Денеска потпишав договор со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и преку Владата обезбедивме 65 милиони денари […]

Костадинов: Најголемата елка во државата е поставена на Градскиот плоштад

-Во Струмица не сакам да има простор за омраза, црнила и лаги.Сакам деновите кои ни претстојат да ја уживаме позитивата, љубовта, радоста на празниците!, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Новогодишните бои ја разубавија Струмица.Започна претпразничната магија! И оваа година Струмица блесна во полн сјај со новогодишното украсување на повеќе локации во градот. Најголемата елка […]

Костадинов на одбележување на „Светите 15 свештеномаченици“ во Кукуш

-Нашиот пријателски град Кукуш од Грција, денеска го слави празникот „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици” , според Грегоријанскиот календар, објави градоначалникот Костадинов. -На покана на градоначалникот Димитрис Киријакидис, со делегација од мои соработници и советници, присуствувавме на утринската Божествена Литургија и Литија на која присуствуваше и нашиот Митрополит Струмички г. Наум и верници мои сограѓанки и […]

Градоначалникот Костадинов денеска беше домаќин на премиерот Ковачевски

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска беше домаќин на премиерот Димитар Ковачевски и министри од Владата на Република Северна Македонија. Посетата започна во градинката „Виножито“ која беше отворена пред една година и е најголемата новоизградена предучилишна установа во државата.Градоначалникот Костадинов истакна дека денеска од градинката е пуштена силна порака за важноста на соработката помеѓу локалната и централната […]

Костадинов:важна е соработката меѓу локалната и централната власт

Со премиерот Димитар Ковачевски и министри од Владата, денеска од новата градинка „Виножито“ пуштивме силна порака за важноста на соработката помеѓу локалната и централната власт. Токму оваа градинка е плод на таквата соработка, поддржана од Светска банка. Како Општина на која децата и се приоритет, а во соработка со ресорните министерства, постојано инвестираме во подобрувањето […]

Костадинов:Струмица е на врвот против семејното насилство

Денеска е 25 ноември – Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените. Ова не е ден за одбележување и празнување, туку ден кој потсетува дека имаме уште работа и како одговорни градоначалници и политичари, треба да направиме се за да ја подигнеме свеста и да ги заштитиме жртвите. Општина Струмица е на врвот во […]