По долги подготвителни работи коишто требаше да ги направи општина Струмица, но и жителите на населбата, започнува изградбата на две сервисни улици и три фекални колектори во Софилар. Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, го потпиша договорот, набавката е одобрена од страна на Министерството за финансии во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги. Вкупниот износ […]
Tags : Улици
Согласно планираната динамика за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште, деновиве, општина Струмица реализира улици во паркот. Се работи на пробивање и тампонирање на улици во должина од 780 метри, а дел од нив ќе бидат и асфалтирани. Со овој градежен зафат ќе се зголемат и пешачките патеки.
Во тек е изградба на нова делница на дистрибутивна гасоводна мрежа во Струмица, УБ2 на улица „24-ти Октомври“ , улица „Коста Бозов“, делови од улиците „Браќа Миладинови“, „Јанко Цветинов“ и „Климент Охридски“, со вкупна должина од 1.850 метри, информираат од ЈПЕД „Струмица-Гас“.
Општина Богданци потпиша договор за реконструкција на улици и поставување на гумени лежечки полицајци на територијата на општина Богданци. Станува збор за реконструкција, односно порамнување, поставување на рабници, тампонирање и поставување на бехатон плочки на дел од улица Карпошева (со должина од 352 метри) како и за замена на веќе поставените лежечки полицајци во село […]
Сообраќајот на улица „Моша Пијаде“ на делница од крстосница со ул. „Ванчо Китанов“ до крстосница со ул „11-ти Октомври“ од двонасочен се променува во еднонасочен. Правецот на движење на оваа делница по ул. „Моша Пијаде“ е од крстосница на ул. „11-ти Октомври“ кон крстосница со ул.„Ванчо Китанов“. Десната сообраќајна лента на оваа делница на ул […]